Висок одѕив и хакерски напади на вториот ден од претседателските избори во Русија

Според локалните власти, излезноста во регионот Керсон денеска  достигнал 77 отсто, а над 72 отсти од гласачите со право на глас излегле во регионот на  Запорожје.

од Бети Божиноска
255 прегледи

Одѕивот на гласачите на претседателските избори во Руската Федерација на целата територија од земјата денеска, на вториот ден од претседателските избори, надмина 50 отсто. Според информациите од Централната изборна комисија, до 16:13 часот по московско време гласале 50,01 отсто од гласачите, пренесува „РТ“.

Ни денеска денот не помина без поединечни инциденти на избирачките места, па претседателката на ЦИК, Ела Памфилова, изјави дека 214 гласачки ливчиња биле неповратно оштетени поради истурена течност и обид за подметнување пожар.

На избирачкото место во градот Скадовск во областа Керсон, каде што вчера се случи терористички напад, денеска повторно е дозволено гласање на претседателските, пренесува „РИА Новости“.

„И покрај провокациите на украинската страна, луѓето доаѓаат да гласаат. Сè е организирано на највисоко ниво. И без разлика колку украинската страна се обидува да ни се меша, ние, жителите на регионот Керсон, го избравме нашиот пат, патот на историската вистина и правда. И изборите ќе бидат одржана на највисоко ниво, изјави претседателката на изборната комисија на тоа избирачко место,“ Екатерина Зауборнаја.

Руските изборни комисии во Керсонската област и регионот Запорожје известија за неколку украински напади на избирачки места кои се отворени за претседателските избори. Утринава, украинските сили фрлиле експлозивна направа од беспилотно летало, насочено кон избирачко место во Благовешченка, село во регионот Запорожје, изјави за ТАСС локалната изборна функционерка Наталија Рјабенкаја.

Таа тврдеше дека станува збор за „некои фосфорни убојни средства“, повикувајќи се на руски воен персонал кој пристигнал на местото на настанот. Во нападот нема жртви или материјална штета.

Според локалните власти, излезноста во регионот Керсон денеска  достигнал 77 отсто, а над 72 отсти од гласачите со право на глас излегле во регионот на  Запорожје.

Повеќе од 90.000 сајбер-напади се извршени на порталот на руската ЦИК, владините служби и други ресурси поврзани со претседателските избори во Русија, соопшти руската телекомуникациска компанија „Ростелком“. Според информациите на руската компанија, хакерски напади за време на изборите доаѓаат од Украина и Северна Америка, а во нападите се вклучени најпрофесионалните групи.

На првиот ден од гласањето, порталот за далечинско електронско гласање беше предмет на голем сајбер-напад, примајќи повеќе од два милиони инпути во секунда.

„Западот се сврте кон екстремизам во обид да ги наруши изборите во Русија. Киевскиот режим го напаѓа Белгород за да го наруши гласањето“, изјави официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Москва уште од самиот почеток знаеше дека Западот ќе го попречува онлајн гласањето на претседателските избори во странство, па реши таму гласањето да го спроведе исклучиво со лично присуство на гласачи.

Првите резултати од руските претседателски избори се очекуваат на 17 март по 21 часот по московско време, изјави заменик-претседателот на ЦИК на Русија, Николај Булаев. Тој појасни дека објавувањето на првите резултати од гласањето започнува по затворањето на сите избирачки места во Руската Федерација.

„Нашите последни избирачки места се затвораат во 20:00 часот по локално време во Калининград, а во Москва тоа ќе биде во 21:00 часот“, прецизираше Булаев.

Слични содржини