Високи претставници на Северна и Јужна Кореја ќе се состанат во село Пханмунџом во демилитаризираната погранична зона, за да разговараат за ситуацијата на Корејскиот полуостров- информира “Ројтерс”, повикувајќи се на информации од канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја.
Договорот да се состанат за спроведување на дијалог доаѓа во позадината на големите тензии, по размената на артилериски оган во четвртокот и претстојниот период, кој Северна Кореја го постави како ултиматум на Јужна за да запре со пропагандната кампања од звучниците, која го провоцира Пјонгјанг и се закани со понатамошни воени дејства.
Официјални лица од Јужна Кореја соопштија дека разговорите ќе се одржат во обид да се намалат тензиите. Тие ќе почнат во 18.00 часот по локално време во Сеул, што е половина час по објавениот ултиматум.
Според извори од Сеул, Јужна Кореја ќе биде претставена од советникот за национална безбедност на претседателот на Јужна Кореја, а Северна Кореја – од највисоките претставници Хуанг Пионг-CO и Ким Јонг Гон.
Потсетуваме дека преку соопштението Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Северна Кореја е подготвена за тотална војна, за да го заштити избраниот од народот поредок.
Во 10.00 часот (по македонско време) денес истекува рокот на објавениот од Пјонгјанг ултиматум за прекин на психолошката војна против Северна Кореја.
Во спротивно ќе започнат борбени операции за уништување на звучните уреди во демилитаризираната зона и за неутрализирање на евентуална реакција на јужнокорејските вооружени сили.

