Високите сметки за електрична енергија и млаките радијатори го зголемија бројот на претставки до Народниот правобранител.

-Ако се споредат првите три месеци од минатата и од оваа година тогаш забележителен е трендот на благо зголемување на претставките кај потрошувачките права, особено во делот на испораката на електрична енергија. Сметаме дека ова на некој начин е очекувана појава со оглед на фактот што имаше зголемување на цената на електричната енергија, па граѓаните добија повисоки фактури, велат во разговор за „Локално“ од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Оттаму посочуваат дека зголемување има и на бројот на претставки во делот на испораката на топлинската енергија, потенцирајќи дека најмногу претставки се за високите сметки како и за незадоволството од испрачаната топлина во домовите.

-Граѓаните реагираат дека во нивните домови радијаторите се млаки и со тоа не се постигнува топлната утврдена со прописите кои ја регулираат оваа сфера, велат од кај Омбудсманот.

Се отвораат предмети и се испитуваат наводите

Од кај Народниот правобранител, посочуваат дека во сите случаи кога граѓанинот се жали на високи сметки за потрошена електрична енергија од страна на ЕВН, како и за други неправилности поврзани со работата на оваа компанија се отвора предмет и се испитуваат наводите во претставката.

-Во случај кога ќе се утврди дека износот на сметката не одговара на потрошените киловати од компанијата се бара да изврши корекција и по овие наши барања најчесто се постапува. Во оваа сфера, поточно во однос на читањето на броилата Народниот правобранител има став дека е потребна измена на законската регулатива во насока на обезбедување претпоставки за почесто читање на броилата ( со постојната законска регулатива таа обврска е еднаш годишно) со што би се надминале ситуациите наместо давателот на услугата да биде сервис на граѓаните во пракса да биде обратно граѓаните да бидат тие што ќе ја читаат и пријавуваат состојбата со цел да не се соочуваат со високи сметки. Со ваквото решение би се надминал и проблемот кој сега постои- при покачување на цената на електричната енергија, компанијата да остава поголем период за отчитување на броилата или отчитувањето да го врши по зголемување на цената, појаснуваат од таму.

Граѓаните најмногу се жалат од работата на МВР, судовите и извршителите

Од канцеларијата на Зибери велат дека граѓаните најмногу се жалат на работата на судовите и дргите правосудни органи, на извршителите како лица кои вршат јавни овластувања, на Центрите за социјална работа, Минисистртвото за внатрешни работи.

– Кога Народниот правобранител за одреден поединечен случај, или за поголема група на граѓани ќе констатира прекршување на некое со Устав и Закон загарантирано право до наделжните органи/институции може да достави препораки, мислења и укажувања за начинот на нивното отстранување, да поднесе барање за повторно спроведување на одредена постапка, согласно законот ,или да иницира постапка за утврдување дисциплинска или кривична одговорност за одредено лице, објаснуваат од кај Омбудсманот.

Народниот правобранител како институција има и други механизми појаснуваат од таму додвајќи дека може да обезбеди органите да постапат по горе споменати интервенции.

-На пример да достави посебен извештај до лицето кое го раководи органот, до министерот кој го раководи миниситерството, а ако и со овие постапки не успее тогаш може да ја извести Владата и Собранието со посебен извештај за попречување на неговата работа. Мора да се напомене дека Народниот правобранител зад себе нема присилиен механизам со кој би ги натерал институциите да постапат по неговите укажувања и затоа често велиме дека почитувањето на ваквите негови препораки го покажува степенот на свесноста кај институциите дека со (не) донесување на некој акт повредиле некое со Устав и Закон загарантирано право, објаснуваат од кацеларијата на Зибери.

Еден пример кај кој е забележан тренд на подобрување по укажувањата и интервенциите на Омбудсманот е работата на Управата за водење на матични.

-Од анализата на предметното работење во првите месеци од тековната година забележителен е тренд на промена на односот на Управата за водење на матични книги кон интервенциите на Народниот правобранител.Имено, од нејзина страна се постапува по нашите барања и укажувања така што се доставуваат сите потребни информации и докази за предметните случаи, односно се преземаат дејства за спроведување на укажувањата, велат од кај Омбудсманот.

МЗ, МВР, МТСП,МЗШВ, МОН не соработуваат со Народниот правобранител

Оттаму посочуваат дека пандемијата влијаела врз работата на сите институции и дека одредени права и услуги граѓаните ги добивале со потешкотии.

-На пример минатата година имаше проблем со издавањето на исправите за лична индентификација, добивањето финансиска помош од страна на Владата, со потешкотии се остврауваа правата за помош и нега од друго лице, и слично. Што се однесува до реагирањето на институциите на нашите укажувања или препораки факт е дека во глобала се почитуваат, но има институции кои не соработуваат.Тука би ги апсотрофирале Министерство за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, МВР, Оддел за внатрешна контрола и криминалистички истраги, Управен суд, велат од таму.

Б.М.

Слични содржини