Високо рангираниот член на Хамас, Муса Абу Марзук, ја осуди, како што ја нарече, „срамната“ позиција на палестинската управа со седиште во Рамала во екот на израелското бомбардирање на Појасот Газа.
„Очекувавме многу од Хезболах и нашите браќа на Западниот Брег, но ние сме згрозени од срамниот однос на нашите браќа во палестинската управа“, навел Марзук во интервју за телевизијата Ал Џезира.
Лидерот на Хамас истакнал дека многу „странци“ му рекле дека некои членови на палестинските власти и некои арапски земји „тајно го повикуваат Западот да го елиминира Хамас“.
Конфликтот во Газа започна на 7 октомври кога Хамас ја започна операцијата Al-Aqsa Flood – повеќестран ненадеен напад кој вклучуваше бројни ракетни лансирања и инфилтрации во Израел по копно, море и воздух.
Хамас рече дека нападот бил како одмазда за нападот на џамијата Ал Акса и насилството на израелските доселеници врз Палестинците. Тогаш израелската армија започна немилосрдно бомбардирање на Појасот Газа.