„Вистината е многу пострашна“: Захарова се огласи за аферата за шпионирање на европските лидери

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

Американското и данското шпионирање на европските лидери е само врв на ледениот брег, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ претходно објави дека Агенцијата за национална безбедност на САД, со помош на Данска, надгледувала голем број европски политичари во периодот од 2012 до 2014 година, особено германската канцеларка Ангела Меркел и сегашниот претседател на Германија (во тоа време министер за надворешни работи) Франк-Валтер Штајнмаер.

„Ситуацијата е уште полоша за земјите членки на НАТО. Многу е пострашно од она што го прочитале, за кое се обидуваат да не зборуваат во НАТО и раководството на Европската унија. Ми се чини дека вистината е многу пострашна од тоа што сега се појавува индивидуално во медиумите“, изјави Захарова за радиото Вести ФМ, како што објави веб-страницата „Спутник“.

Слични содржини