ВИСТИНСКА ДРАМА СРЕДЕ ЕМИСИЈА ВО ЖИВО: Министер доживеа мозочен удар, лекарите се борат за неговиот живот

Откако водителите го прашаа дали сè е во ред, а откако тој не одговори, програмата беше прекината и повикана брза помош, соопштуваат српските медиуми.

од Весна Петровска
22 прегледи

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, доживеа мозочен удар за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк. За време на гостувањето, Глишиќ почна да пелтечи и не можеше да одговори на прашањата на водителот.

Откако водителите го прашаа дали сè е во ред, а откако тој не одговори, програмата беше прекината и повикана брза помош, соопштуваат српските медиуми.

Глишиќ се бори за живот на Военомедицинската академија во Белград.

Патем, станува збор за еден од најблиските соработници на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е и негов кум.

Според медиумите блиски до српскиот претседател, Вучиќ е и на ВМА, каде што се чекаат првите информации за здравјето на министерот Глишиќ.

Покрај јавните инвестиции, Глишиќ моментално раководи со одделот за градежништво, транспорт и инфраструктура, а е и претседател на Извршниот одбор на Српската напредна партија (СНС).