📊Вистинската потрошувачка на автомобилот е многу поголема од WLTP бројките

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Европската комисија, по една година собирање податоци, сега го објавува првиот сет на податоци за потрошувачката, кои покажуваат колку автомобилите на европските патишта трошат во реалниот сообраќај.

Како што објави „ХАК“, бројките се базираат на податоци од 600.000 автомобили. Автомобилите со бензин и дизел трошат околу 20 проценти повеќе на патиштата, во пракса, отколку во официјалниот циклус на возење WLTP, а за plug-in хибридите ситуацијата е сосема поинаква. Plug-in хибридите користеле 3,5 пати повеќе гориво отколку во лабораторијата за тестирање, што значи, според Европската комисија, дека автомобилите не се користат во целост.

Plug-in хибридите често имаат екстремно ниска официјална бројка за потрошувачка, но не сите сопственици ги полнат своите возила со електрична енергија. Затоа јазот помеѓу официјалните и фактичките податоци за потрошувачката е толку голем.

Вистинска потрошувачка на гориво l/100 km, WLTP, % разлика:

Бензин 7,9 6,4 24%

Дизел 6,9 5,8 18%

Plug-in хибрид (бензинец) 6,0 1,8 239%

Plug-in хибрид (дизел) 5,8 1,4 313%

Plug-in хибрид (сите) 5,9 1,7 251%

Слични содржини