Вистинскиот револуционер во САД е друг

од desk3
95 прегледи

 

Сите овие говори на Доналд Трамп звучат радикално, речиси револуционерно, но вистинскиот револуционер во предизборната борба на САД е друг, тврди економистот Џејмс К. Гилбрајт за DW.

0,,19114542_303,00

Во несигурни времиња во општествата секогаш почнуваат да се крева копнеж по “силната машка рака” во управувањето. Во такви времиња не се ценат особено вредности како смиреност, самоувереност, логика или чесност. Наместо тоа на преден план излегуваат најгласните настапи, заканувачките гестови, опортунизмот и лукавството. Доналд Трамп ги демонстрира токму овие квалитети – и поддршката за него расте.

Несигурноста во Америка се пројавува во две форми – физичка и економска. Физичката во моментов е останата во позадина. Повредите од нападите на 11 септември веќе се избледени, терористичките напади во Бостон и Сан Бернардино тешко можат да бидат испитани, бидејќи повеќето од наводните атентатори се мртви, а за повеќето Американци, Париз е премногу далеку. Со исклучок на темнокожите граѓани кои се чувствуваат напуштени на самоволие на полицијата, повеќето Американци денес се чувствуваат безбедно. Независно од сето тоа, во предизборните говори Доналд Трамп постојано зборува за нападите во Париз, Бостон и Сан Бернардино.
Голема економска несигурност
Поинаку изгледаат работите кај економската несигурност. За разлика од физичката, таа се чувствува насекаде. Доналд Трамп е последната надеж за оние кои ризикуваат да станат жртва на глобализацијата, како и за голем дел од постарата генерација која настрада економски од т.н.. “Рејганомика”. Економската програма на Трамп, ако воопшто можеме да зборуваме за таква се базира на неколку столба: тврди преговори со Кина и Мексико за затворање на постојните комерцијални пукнатини. Ова, се разбира, е смешнаа фантазија, но засега никој не обрнува внимание на овој факт. Вториот столб во економската програма на Трамп е низа намалување на даноците, со цел да се стимулира економијата. Покрај тоа Трамп тврди дека планира да ја укине здравствената реформа на Обама. Оваа порака е насочено токму кон избирачите кои своевремено гласаа за Реган – парадоксот е дека тоа се токму оние Американци на кои денес им треба социјална поддршка на државата.

Покраинските избори во Германија: Поддршката за Меркел паѓа, пробив на популистите

Сето друго – на пример приказните за издигнување на ѕид долж границата со Мексико и екстрадицијата на сите муслимани – се расистички говори. Но Трамп е способен на се. Можам да се обложам дека ако биде номиниран од републиканците, веднаш ќе направи посети низ црквите на црнечкото население, а и во барем една џамија.

Многу поинтересни се тенденции во Демократската партија. Таа има две радикално различни крила. И двете се социјално-либерални и се насочени во ист степен на различните етноси во земјата. Верските реакционери и белите расисти одамна се ориентирани кон републиканскиот камп.

Разликите помеѓу двете крила на Демократската партија сепак се економски. Едното се обложува на непречено подобрување на економската состојба. Таа се стреми кон финансиски ориентиран пораст на економијата, отворена е за бизнис-лобитата и за трговските договори и е подготвена на компромиси за прашањата на социјална сигурност.

Берни Сандерс – адвокатот на средната класа

0,,19103051_401,00
Од другата страна е главниот електорат на демократите – најшаренолика група на луѓе кои личат на едно: тоа се претежно млади луѓе на работоспособна возраст, чиј пристап до водечките катови на партијата е попречен. Тоа се луѓе кои гледаат критички на привилегиите на повисоките финансиски сфери. Во последните години оваа група немаше свој “глас” во партијата. Од оваа година, сепак таа веќе го има: сенатор Берни Сандерс.

Економската програма на Сандерс се базира на три основни точки – воведување на минимална дневница од 15 долари, бесплатен пристап до образование и јавно здравствено осигурување со единствена тарифа. Според Сандерс, сето тоа треба да се финансира преку зголемување на даноците на богатите. Во некои земји слична програма може да звучи сосема нормално, но за младите Американци, пораснати во условите на општество кое ја привилегира финансиската сфера, апелите на Сандерс се директно револуционерни.

Социјалист од Вермонт

Берни Сандерс ги запали главно помладите луѓе: ученици, студенти, млади родители чии деца еден ден ќе аплицираат за универзитетско образование, луѓето кои работат во нископлатениот сектор, но и сите оние кои уште немаат здравствено осигурување или пак им се отежнуваа да плаќаат придонесите. За оваа генерација програмата на Берни Сандерс е ветување за длабоки промени.

Трамп сепак не е човекот кој може да го скроти овој револуционерен дух. Ниту пак да ги поведе луѓето кон некој револуционерна чекор. Не, првиот чекор кон следната револуција во САД веќе беше направена од Берни Сандерс – еден атеистичко поставен Евреин социјалист од Вермонт.

* Економистот Џејмс К. Гилбрајт е професор во Институтот за јавна и бизнис администрација “Линдон Џонсон” кон Универзитетот во Тексас во Остин.