415
Потребно:
200 мл вода
100 мл кисела вода
550-600 гр брашно
2 лажички соино млеко во прав
сол
малку шеќер
кора од лимон
50 мл масло
150 гр шлаг
Подготовка:
Во млака вода растворете го квасецот и додајте шеќер/ Во остатокот од водата додајте 2 лажици соино млеко и измешајте. Додадете го брашното и сол, кисела вода, кората од лимот, масло и замесите мазно тесто.
Покријте го да одмори 20 минути. Потоа ставете го на маса и со оклагија развијте тесто дебело половина центиметар. Вадете крофни со калап.
Крофните со дупка ставајте ги преку тие без дупка и покријте ги со кеса да одморат 10 минути. Испржете ги во длабоко масло.
Украсете со шлаг.