Кралицата на поп музиката Мадона, која неодамна наполни 65 години, била фотографирана додека возела велосипед во Њујорк.
Пејачката уживаше во денот и беше лежерно облечена, со качулка на главата, но сепак не можеше да ги избегне љубопитните погледи.
Таа носеше црн широк дуксер и качулка на главата, а спортското издание го комплетираше со црни хеланки над кои носеше тренерка.
Мадона возеше велосипед низ улиците на Њујорк, а фотографите успеаја да го снимат нејзиното лице.
Пејачката често споделува фотографии со филтри на социјалните мрежи, а со сценската шминка често е цел на критики поради прекумерната употреба на шминка. Сега се покажа како изгледа светската ѕвезда без дополнително разубавување.
Пејачката може да се пофали со совршен тен со минимална шминка на лицето.