Витална и на 93 години: Тајните на долговечноста на кралицата Елизабета

од Elena Daskalova
281 прегледи

Кралицата Елизабета Втора е најдолговечниот монарх на сите времиња, а дури ни во 10-та деценија од својот живот таа ретко пропушта важни кралски свечености.

Нејзините години важат за длабока старост, но очигледно е дека кралицата нема намера да запре. Многумина се прашуваат како тоа ѝ успева, а секако постојат и очекуваните теории на заговор.

Но, како всушност ѝ поаѓа од рака?

Гени

Нејзината мајка доживеа 101-годишна возраст. Многумина веруваат дека кралицата има потенцијал да ја престигне мајка си и да живее повеќе од 101 година.

Животен стил

Кралицата веќе има голема предност со тоа што никогаш не пушела цигари, ниту пак пиела алкохол.

Работливост

Кралицата Елизабета, уште откако беше принцеза, постојано е вклучена во кралските активности. Таа никогаш не останувала да ужива дома, туку постојано работи и присуствува на важни настани.

Здрава исхрана

Познато е дека членовите на кралските семејства не јадат одредени намирници, особено оние што се јадат незготвени. Кралицата, конкретно, има готвач кој ѝ готви лесни, но високонутритивни оброци, во кои нема компири, ориз и тестенини.

Постојано движење

Таа секој ден пешачи и се движи колку што има можност, но никогаш не ја прескокнува оваа рутина.

Пиење чај

Англичаните имаат долга традиција на пиење чај, а кралицата освен традиционалниот англиски, наутро пие и по една шолја зелен чај. Кафе не пие никогаш.

Слични содржини