Најголемата компанија за прехранбени и кондиторски производи, Витаминка АД Прилеп ги намалува цените на дел од своите производи. Оваа одлука на раководството на компанијата доаѓа како резултат на намалувањето на производствените трошоци.

„Овој пат, како резултат на светскиот тренд на намалување на цената на енергенсите, во последниве неколку недели Витаминка забележа пад на трошоците за производство. Намалувањето на цената на производите во моментов е реакција на случувањата на глобално ниво и поради намалените трошоци, за нас како компанија се отвори можноста за корекција на цените во надолна линија, а краен бенефит ќе имаат нашите потрошувачи“, информира Витаминка АД Прилеп./МИА