Витаминско есенско смути

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Овој пијалок е вистинска витаминска бомба.

Состојки:

– 2 киви

– 1 големо јаболко

– 1 портокал

– сок од половина лимон

– мед

– цимет

– 1 дл вода

Подготовка:

Излупете го овошјето и ставете го во блендер.

Постепено сипете ја водата, а потоа додадете ги циметот и медот и продолжете да мешате.

Истурете во чаша и послужете.

Слични содржини