Основачот на Асоцијацијата на менаџери на Македонија и основач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа, Зоран Витанов на својот Јутјуб канал постави видео во кое отворено ги критикува политиките на Владата во однос на економијата и го посочува и патот по кој, според него, треба да тргнеме доколку „сакаме да ја зачуваме земјава“.
„Државата треба да има волја да привлече странски инвестиции. Оваа Влада од кога е дојдена на Власт, веќе втор мандат воопшто не и е фокусот странски инвестиции. Мојот личен впечеток е дека оваа Влада воопшто не е заинтересирана за националните и економски интереси на Република Македонија. Оваа Влада има друга агенда да направи интерес на соседни држави од политички аспект, а не од економски, тоа е правата причина.
Втората причина треба да се има и стручност. Да видиме кои се луѓето кои треба да привлечат странски инвестиции. Советник на премиерот за привлекување на странски инвестиции е Љубе Бошковски. Дали доколку имате приватна форма и треба да привлечете странски партнери би го ангажирале Бошковски?
Лице број два е Артан Груби. Кога ми доаѓа Артан Груби како име и презиме ме асоцира на Камбоџа, а таа беше една од најкастрофалните држави во светот кога луѓе како Артан Груби беа на власт. Дали знаете дека денес кога Камбоџа одлучи да раскрсти со таквите луѓе, да не бидат воопшто присутни во социјлниот, а не во политичкиот живот. Камбоџа е во ТОП 10 странски земји за привлекување на странски инвестиции“, вели Витанов.