Италијанската манекенка Виторија Черети реши отворено да проговори за врската со Леонардо ди Каприо, со кој ја поврзуваат од август 2023. Во големото интервју за француски Vogue, таа даде редок увид во нејзиниот приватен живот. Иако директно не го спомна името на Ди Каприо, таа го опиша како „многу познат актер“.
Черети откри дека се запознале во Милано, но не сакала да навлегува во детали. Таа зборуваше и за предизвиците на врската со еден од најпознатите актери на денешницата и како тоа влијаело на нејзиниот идентитет.
„Штом сте во врска со некој кој е попопуларен од вас, станувате „девојка на“ или „момче на“, не е важно. Тоа може да биде многу иритирачко. Одеднаш луѓето зборуваат за вас како бившата или сегашната на таа личност. Не е убаво да мислите дека не можете да го сакате оној што го сакате поради етикетата што ти ја залепиле другите“, вели таа.
На прашањето како се справува со тоа да биде во врска со „еден од најпосакуваните мажи на светот“, таа рече: „Тоа е нешто што го учиш. Ако она што го доживуваш е реално и ако знаеш дека се сакате, тогаш нема причина да се плашите, бидејќи љубовта штити и дава сигурност“.
Иако ја држеа својата врска подалеку од јавноста, Черети и Ди Каприо повремено беа снимани заедно, а прво беа фотографирани на забава во Париз, додека во август минатата година уживаа на јахта на брегот на Сардинија.
Според извори блиски до парот, Ди Каприо навистина ја сакал Виторија. Медиумите претходно шпекулираа дека Ди Каприо се верил со Виторија затоа што била фотографирана како носи голем дијамантски прстен. Овие гласини се појавија на почетокот на нивната врска, но потоа беа демантирани.
Виторија долги години е успешен модел и има можност да оди во ревии за брендови како Chloé, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tomfi Ford и Tomd.
Таа се омажи за Матео Милери во 2020 година, а засега не е познато дали се развеле бидејќи манекенката сè уште има фотографии со него на својот Инстаграм.