311
Вицепремиерот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров се огласи на социјалните мрежи и откри дека е позитивен на Ковид 19.
„Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен “гостин”. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите“, се вели во објавата на Димитров.