„Виз ер“ отвори база во Сараево, летови до девет градови

од Stefanija Kuzmanovska
416 прегледи

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ официјално ја отвори својата база во Сараево.

Од утре „Виз ер“ ќе има летови од Сараево до девет дестинации во седум земји.

Беше најавено дека компанијата ќе лета за Париз, Брисел, Копенхаген, Стокхолм, Дортмунд, Ајндховен, Гетеборг, Меминген и Базел и дека цените на билетите ќе бидат ниски.

Воспоставувањето на базата во Сараево ќе создаде нови работни места во таа авиокомпанија.

Слични содржини