235
Украина ќе го укине безвизниот режим за Русите од 1 јули, па од тој датум ќе бара од нив да добијат визи за влез во таа земја, изјави денеска претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
„Според одлуката планирана од Кабинетот на министри, Украина ќе воведе визен режим за руските граѓани од 1 јули 2022 година“, изјави претседателот на Украина, пренесе „Ројтерс“.
Русија започна специјална воена операција во Украина на 24 февруари.