4
Вкупниот бруто-домашен производ (БДП) на земјите-членки на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) порасна за 4,4 проценти минатата година, а за уште два проценти од почетокот на оваа година, изјави денес рускиот премиер Михаил Мишустин.
Тој на состанокот на Евроазискиот меѓувладин совет нагласи дека ова е главно резултат на растот на индустриското производство, градежништвото, земјоделското производство, малопродажбата и инвестициите во основни средства, објави ТАСС.
Дополнително, рускиот премиер истакна дека меѓусебната трговија меѓу земјите-членки на ЕАЕУ пораснала за 6,8 проценти минатата година, на речиси девет трилиони рубли (112 милијарди долари)