Косовската полиција уапси уште шест лица поради сомневање за трговија со малолетничка која минатата недела наводно беше силувана од пет други лица, пишува КосСев повикувајќи се на порталот „Kallxo“.
Во досието на обвинителството до кое дојде „Kallxo“, стои дека шестмина осомничени во еден наводно силувале и имале сексуални односи со малолетничка во различни мотели, јавува КосСев.
Настанот, како што се наведува, се случил на 21 јуни годинава, кога осомничените, дел од нив, решиле да ја запознаат малолетничката, а наведените сомнителни дејствија против неа биле извршени уште од рано изутрината.
Во второто досие, за случајот со силување и сексуални услуги што наводно се случиле во јуни, се вели за уапсените со иницијали Д.Р.(23), Г.С. (25), Б.С. (26), Ф.С. (22), М.С. (22) и М.Р. (21).
Овие шестмина осомничени се товарат за трговија со луѓе, сексуални услуги и силување на 11-годишно девојче.