281
Само во изминатото деноноќие, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти кои имаат компликации поради Ковид 19. Инаку, вкупно 287 лица сомнителни и потврдени на коронавирус се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 172 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.