276
До денес на пладне преку онлајн апликацијата за вакцинацијата против Ковид 19, свое место зафатиле вкупно 40.600 граѓани, информираше Министерството за здравство, а пренесе МИА.
За потсетување, граѓаните имаат можност од средата да се регистрираат во системот на веб страница вакцина.мк, иако не е исклучена можноста граѓаните да се пријават и кај своите матични лекари преку „Мој термин“.
Инаку, првите 8000 вакцини од компанијата „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.