Вкупно 560 Ковид пациенти се лекуваат на инфективните одделенија, 580 е бројот на слободни болнички капацитети

309 прегледи

Во изминатото деноноќие, пријавено е дека во ковид – центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 326 пациенти позитивни и сомнителни случаи на коронавирусот, информираа Министерството за здравство.

Инаку, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19 кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава е 560, а бројот на болнички капациетите е 580.

За потсетување, во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се вели во соопштението испратено од Министерството за здравство.

Слични содржини