Вкупно 589 пациенти од Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија, 500 слободни болнички капацитети

301 прегледи

Само во изминатото деноноќие, Министерството за здравство информира дека во ковид центрите низ земјава вкупно се лекуваат 34 пациенти сомнителни или потврдени случаи на Ковид 19.

Пациенти кои се сомнителни или потврдени случаи на Ковид 19, вкупно во главниот град и во инфективните одделенија во земјава се лекуваат 589, додека бројката на слободни болнички капацитети изнесува 500.

Инаку, во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Слични содржини