Вкупно 595 пациенти од Ковид се лекуваат на инфективните одделенија, 450 слободни болнички капацитети

283 прегледи

Вкупно 595 пациенти суспектни или потврдени случаи на Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и другите одделенија низ земјава, додека 450 е бројката на слободни болнички капацитети, информираше денес Министерството за здравство.

Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последните 24 часа на интерните клиники имало два приема, додека во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника примени се шест лица во текот на вчерашниот ден. Во текот на вчерашниот ден пуштени се 16 оздравени пациенти во Скопје.

„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 лица, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 82 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка“, посочија од Министерството.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 114 слободни места во Скопје, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Слични содржини