Вкупно 608 пациенти од Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија, 559 слободни болнички капацитети

240 прегледи

Во инфективните одделенија во Скопје вкупно се лекуваат 608 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид 19, а слободните болнички капацитети се 559 празни кревети, информираше Министерството за здравство денеска.

Во последните 24 часа пак, во земјава се пријавени 334 позитивни или суспектни пациенти дека се лекуваат.

Како што посочуваат од Министерството за здравство, бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Од МЗ посочуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, како и дека Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Слични содржини