Заклучно со 8 часот утринава, преку апликацијата за самопопишување, се регистрирале вкупно 68.668 лица од дијаспората.
Заклучно со 21. април годинава ќе трае пописот, а за дијаспората односно македонските државјани кои работат и живеат во странство, пописот започна по електронски пат на 1. март.
Во текот на вчерашниот ден, министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција посочи дека бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади. На прво место е Швјацарија со околу 16 илјади, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10 илјади, Италија со шест илјади, додека во Канада и Австралија има далеку послаби резултати, за што како одговорно Министерство преземаме дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес“, истакна Османи.