199
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вкупно се аплицирани 1.326.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 589.573 граѓани, соопштија од Министерството за здравство.
Вчера вкупно се вакцинирале 13.232 граѓани, а прва доза вакцина вчера примиле 3.214 граѓани.
54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.
29% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат оттаму.