Вкус и традиција: Рецепт за пита со јаболка

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Пита со јаболка – десерт со совршен вкус и мирис што секој може лесно да го направи.

Задолжително пробајте го овој рецепт, а особено е добар за почетниците и оние кои немаат многу време за правење десерти.

Состојки:

За тесто:

* 2 чаши (200 ml) брашно
* 2 чаши гриз
* 1 чаша шеќер
* 1 ванилин шеќер
* 1 прашок за пециво

Полнење:

* 1,5 кг јаболка
* 1 чаша шеќер
* цимет
* 1 кесичка ванилин шеќер
* 150 гр маргарин

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени, а додека се загрева исчистете ги и изрендајте ги јаболката. Кон нив додадете шеќер, ванилин шеќер и цимет, измешајте сè и оставете да отстои додека ги подготвувате сувите состојки.

Измешајте брашно, гриз, ванилин шеќер и прашок за пециво. Плехот убаво премачкајте го со маргарин. На дното посипете една третина од сувите состојки, а потоа со лажица премачкајте ги со половина од смесата со јаболка. Фатете ја смесата од јаболка заедно со сокот што го ослободиле. Доколку јаболката се суви и нема сок, слободно полијте малку вода во смесата, помалку од половина чаша.

Прелијте ги со третина од сувите состојки, остатокот од јаболката и останатите суви состојки.

Маргаринот се сече на тенки парчиња и се става одозгора. Печете околу 40 минути на 180 степени. По 40 минути извадете го и допрете го со рака одозгора – ако е уште многу меко, вратете го во рерна уште 10 минути. Доколку се формира крцкава кора, питата е готова.

Изладете, исечете ги на коцки, посипете со шеќер во прав и послужете.

На здравје!

Слични содржини