898
Кокосовите топчиња, познати уште како „рафаело“ се едни од најомилените ситни колачи кои ги обожаваме. Се прават од само четири состојки, нема печење, а се многу вкусни.
Потребни состојки:
100 гр кокос
300 гр бело чоколадо
1,5 дл слатка павлака
Бадеми или лешници
+ Кокосово брашно за валкање
Подготовка:
Чоколадата искршете ја на коцки. Загрејте ја слатката павлака до пред вриење, па прелијте преку чоколадата. Мешајте додека да се стопи. Додадете ти 100-те грама кокос и оставете смесата да се излади, па ставете ја во фрижидер да се излади околу два часа.
Потоа, од смесата вадете со лажица и формирајте топчиња. Мо желба, можете да ставите внатре бадем или лешник. Чувајте ги на ладно место.