Вкусен и здрав оброк кој ќе ги воодушеви и оние кои внимаваат на фигурата

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Ако сте меѓу оние кои се подготвуваат за летната сезона и се дисциплинирани во однос на внесот на калории, ова брзо и вкусно јадење со примеси на северна Африка ќе ги задоволи и најпребирливите луѓе.

Мисиркиното месо е месо со малку маснотии, но многу богато со протеини и одлично функционира послужено со кус-кус, боранија и спанаќ. Резултатот е лесно и вкусно јадење, совршено за ручек или вечера, а можете без проблем да го носите на работа.

Кус-кус е вид тестенини во вид на ситни зрна кои традиционално се користат во северноафриканската и блискоисточната кујна, но благодарение на едноставната подготовка, вкусот и многубројните хранливи состојки кои ги содржи, се рашири низ целиот свет.

Состојки:

600 гр мисирка исечкана на коцки

6 зелени аспарагус

200 гр боранија

1 грст спанаќ

300 гр пченичен гриз за кус-кус

супа од зеленчук

сол, бибер

маслиново масло

Подготовка:

Исечете го аспарагусот. Ставете ги наизменично на стапчиња за раженчињата со парчињата мисирка.

Тенџере со вода и сол се става да се зоврие, се додава спанаќот, се остава 3 минути и се цеди. Додадете боранија, оставете да отстои околу 5 минути и исцедете ја. Кус-кусот потопето го со топлата супа од зеленчук.

Посолете ги и побиберете ги раженчињата од мисирка и испечете ги на грил тава додека месото добро не се испече. Послужете по малку кус-кус на секоја чинија и додадете раженчиња, боранија и спанаќ.

Исцедете малку сок од лимета и вашиот здрав оброк е готов.

Слични содржини