Вкусен колач од јаболка

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Во подлабок сад ставете ги состојките за бисквитот и замесете тесто.
Меѓу 2 листа хартија за печење развлечете го тестото во округла кора.
Садот за печење премачкајте го со путер и набрашнете го.
Ставете го тестото и избоцкајте со вилушка. Одозгора наредете ги јаболките исечени на тенки кришки.

DSCN4272-cdae2e-800x600

Посипете со цимет:

Крема
Во тенџере на оган ставете го млекото, шеќерот и ванилата.
Откако шеќерот ке почне да се топи додајте го јајцето и путерот.
Откако ќе се растопи и путерот постепено додавајте го брашното и мешајте додека се згусти.

Истурете ја кремата врз јаболките.
Одозгора нанесете ги пињолите и крупно сецканите бадеми и ореви.

Печете на 180 степени, околу 35-40 минути./Моирецепти