165
Вкусен појадок кој брзо се подготвува.
Состојки:
– 1 шолја овесни снегулки
– 2 шолји млеко или вода
– 2 помали јаболка
– 1 лажичка цимет
– 2 лажици мед
– прстофат сол
– печени лешници
Подготовка:
Варете ги овесните снегулки во млеко додека смесата не зоврие, намалете ја температурата, додадете прстофат сол и варете на тивок оган уште пет до 10 минути, додека смесата не стане кремаста.
Во готовата овесна каша додадете цимет и мед, па измешајте.
Додадете едно рендано јаболко, а другото исечкајте го, па ставете го врз кашата.
На крај посипете со сечкани печени лешници.