Вкусен појадок: Мини проички со сирење и зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Појадок кој можете да го понесете на работа, патување, каде и да сакате.

Состојки:

(за 4 лица)

– 2 јајца

– 250 гр рендани тиквички

– 100 гр рендани моркови

– 70 гр рендано сирење

– 100 мл јогурт

– 100 мл минерална вода

– 4 лажици масло

– 1 чаша (200 мл) пченкарно брашно

– 1/2 чаша овесни снегулки

– 1 прашок за пециво

– сол

Подготовка:

Јајцата се матат, се додава сол и се матат со рака.

Додадете рендано сирење, овесни снегулки и пченкарно брашно со прашок за пециво.

Додадете ги во крупно изренданиот морков, ренданите тиквички, минералната вода и јогуртот. Наместо јогурт може да се користи и млеко.

Соединете сè.

Смесата наредете ја во калапи за мафини обложени со хартиени корпи.

Се пече во загреана рерна околу 30 минути на температура од 180 степени.

Слични содржини