Вкусен појадок кој брзо се подготвува: Овесна каша со лешници и јаболка

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Вкусен појадок кој брзо се подготвува.

Состојки:

– 1 шолја овесни снегулки

– 2 шолји млеко или вода

– 2 помали јаболка

– 1 лажичка цимет

– 2 лажици мед

– прстофат сол

– печени лешници

Подготовка:

Варете ги овесните снегулки во млеко додека смесата не зоврие, намалете ја температурата, додадете прстофат сол и варете на тивок оган уште пет до 10 минути, додека смесата не стане кремаста.

Во готовата овесна каша додадете цимет и мед, па измешајте.

Додадете едно рендано јаболко, а другото исечкајте го, па ставете го врз кашата.

На крај посипете со сечкани печени лешници.

Слични содржини