Вкусен рецепт со тиквички

од desk3
287 прегледи

Тиквичките се во сезона и се погодни за какви ли не јадења од класичните пржени тиквички до салата, а ако сте повеќе инвентивни може да приготвите дури и десерт. Еве еден вкусен рецепт со тиквички и компири.

Компири со тиквички на рерна

Потребни производи:

1 кг компири (стари)
500 г тиквички
4 чешниња лук
2 глави кромид
100 г сирење “Пармезан”
300 мл павлака
50 мл маслиново масло
свежа мајчина душица
сол и бибер по вкус

Начин на приготвување:

Кромидот се сече на полумесечина и се пржи на тивок оган во 30 мл маслиново масло додека не стане сладок. Необелените тиквички се сечат на капси. Компирите се лупат и со помош на ренде тип “мандолина” се сечат на многу тенки подлошки. Се вари во павлака, посолена со сол, црн пипер и наситнените лук и мајчина душица. Кога течноста ќе се згусне, компирите се мешаат со тиквичките и карамелизираниот кромид. Се додава рендан пармезан и се промешува.

Мешавината се прелива во плиток тркалезен послужавник намачкан со останатиот дел од маслиновото масло.

Потоа се става во рерна загреана на 200 степени, со вентилатор и се пече околу 25 минути.