Ако го приготвите овој рецепт ќе добиете неверојатно вкусен зеленчук кој може да го јадете како основен оброк или како прилог со некое месо или риба.

Време на подготовка: 20 минути • Време на готвење: 1 час 40 минути • За 4 лица
Состојки:
10 ml (2 лажички) куркума во прав
5 ml (1 лажиче)ким, семиња
5 ml (1 лажиче) семе од синап
5 ml (1 лажиче) семе тилчец
20 ml (4 лажиче) коријандер
2,5 ml (1/2 лажиче) чили во прав
5 ml (1 лажиче) мелен ѓумбир
5 ml (1 лажиче) зрно од црн пипер
450 g на ситно сецкан кромид
Околу 60 ml (4 лажици) растително масло
300 ml стерилизирано млеко (варено)
30 ml (2 лажици) бел вински оцет
400 g доматите од конзерви
15 ml (1 лажица) доматно пире
10 ml (2 лажички) кафеав шеќер
5 ml (1 лажиче) прав или 1 коцка супа од зеленчук (растворени во малку зовриена вода)
900 g сецкан зеленчук ( како печурки, карфиол, моркови, компири и бамја)
Прво во тава испржете го кромидот во масло мешајќи повремено, па додадете ги зачините во прав и мешајте постојано. Во ова ќе ги додадете и млекото и оцедот и се измешајте убаво. Потоа додадете ги доматите од конзерва, доматно пире, шеќерот и супата, се убаво да зоврие, покријте и оставете за се крчка околу 1 час, мешајќи повремено. Откако ќе помине 1 час додадете го зеленчукот и се заедно нека се готви околу 30 минути, исто така мешајќи повремено.
Откако ќе е готов, овој зеленчук може да го послужите со варен ориз, како и со сос направен од краставица и јогурт, малку сецкан свежо нане, малку чили во прав, мелен ким и зачини по вкус.
забелешка
Кроминодот може да го замените со праз.
совет
Кари сосот може да стои во фрижидер 3 месеци, па може да направите двојно повеќе и да го замрзнете.