Вкусна супа од зелен зеленчук која ќе му годи на вашето варење и на целиот организам

од Stefanija Kuzmanovska
1,3K прегледи

Состојки:

1 стапче целер
1 праз
3 или 4 цветчиња брокула
1 тиквичка со средна големина
половина главица зелка
куркума во прав
ѓумбир во прав
1 чешне лук
половина главица кромид
маслиново или масло по ваш избор
сол

Подготовка:

1. Измијте и излупете ја тиквичката и исечете ја на помали парчиња.
2. Белиот дел од празот исечкајте го на прстени
3. Цветовите од брокула не ги сечкајте, само измијте ги и исечете го стапчето целер на помали парчиња.
4. Исечете ја зелката на ленти.
5. Кромидот ситно исечкајте го.
6. Во тенџере со малку маслиново масло пропржете цело чешне лук. Кога по неколку минути ќе ја ослободи аромата, извадете го и додадете го кромидот.
7. Кога кромидот ќе стане стаклест, во тенџерето ставете го целиот зеленчук, истурете вода колку да го покрие, посолете по вкус и кога ќе зоврие, варете на средна температура додека не се свари (околу 30 минути).
8. Кога зеленчукот ќе се свари, додадете една лажичка куркума и половина лажичка мелен ѓумбир.
9. Изблендирајте ја супата и послужете.

Ако не сакате, не мора да ја блендирате супата, туку можете да ја јадете како бистра супа од зеленчук.

Слични содржини