Направете мезе од модар и црвен патлиџан, кој одлично одговара со жесток жолт алкохол. Исецкајте го модриот патлиџан на кругови, премачкајте го со путер и посолете. Наредете го во тава, и врз површината додајте парчиња црвен патлиџан, лук, нане и магданос. Печете на 200 степени околу 15 минути. Откако ќе се испечат нарендајте кашкавал и чекајте да се растопи.

Состојки:
- Модар патлиџан
- Црвен патлиџан
- Лук
- Магданос
- Нане
- Кашкавал
На крај,зачинете по вкус. Препорачани зачини (кари, шафран и сол)