„Со последната одлука на владата да ги врати сите родители на работа, без притоа да обезбеди услови за згрижување на децата до 10 години, испраќа порака дека децата и нивната добробит не и се важни! Уште повеќе, не им е важна ниту состојбата на мајките со продолжено породилно отсуство или на мајките на деца до 6 години“, вели денеска Ели Панова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

„Инсистираме, владата да ја повлече оваа избрзана одлука, да отвори јавна дебата и пред носење на нова одлука, се да ги земе предвид барањата и потребите на родителите, и пред се во фокусот да биде грижата за добробитта на децата и семејствата.