Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата за активности во однос на дејноста регулирано производство на топлинска енергија, доставена до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Се препорачува на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, да го задолжи ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје, да склучи Договор за закуп на основни средства за производство на топлинска енергија со сопственикот Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје.
ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје, до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија пак треба да поднесе барање за издавање лиценца за дејноста производство на топлинска енергија, како би се обезбедило непрекинато вршење и сигурност во снабдувањето на топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје.