Владата ги повика надлежните компании, градските и општинските власти, да обезбедат парно греење во Скопје

од Milan1
186 прегледи

Владата ги повика надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на Скопјани.

„Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје. Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти. Владата во текот на следната недела ќе разгледува можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо“, се вели во владината реакција.

Откако над 500-тини домови од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве останаа без парно во сред зима, денеска скопјани и од други делови на градот реагираат дека се без парно греење или истото е многу слабо.

Жителите се револтирани и велат редовно си ги плаќаат фактурите, а токму на Божик кога сите се дома, останале без парно греење.

Од операторот со мрежата за парно-греење БЕГ велат дека системот работи во оптимизиран режим кој треба да ги одржува домовите на граѓаните со приклучоци за топловодна енергија до 20 степени во нивната внатрешност.

-Системот за централно греење е целосно во функција и се испорацува топлинска енергија до потрошувачите Во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран резим се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени, информираат од БЕГ.

Од таму додаваат доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем, дека треба да пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.

Инаку, регулаторна соопшти дека парното од овој месец поскапува за 14%.