380
Владата денеска донесе заклучоци да го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да започне постапка за изработка на физибилити студија за јавно приватно партнерство (ЈПП) или за продажба на ТЕЦ Неготино, како и да спроведе постапка за избор на трансакциски советник за евалуација во постапката за изразување намера за изградба на ХЕЦ Чебрен.
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, и донесе соодветни заклучоци и задолженија за Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот.