Владата го номинираше Срѓан Керим за Генерален секретар на ОН

од desk3
105 прегледи

Владата на Република Македонија одлучи да го номинира д-р Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и 62-ри Претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, за функцијата Генерален секретар на Организацијата на Обединетите Нации, информираат од Владата.

kerim
Источно Европската Група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година завзeде заеднички став дека следниот Генерален Секретар на ООН, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.

-Како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата Генерален Секретар на ООН,пишува во соопштението.