Владата го прифати текстот на Договор помеѓу Северна Македонија и Португалија за соработка во одбраната Владата на Република Северн

од Radmila Tasevska
185 прегледи

Владата на Република Северна Македонија на денешната 182 седница го прифати текстот на Договор помеѓу Северна Македонија и Португалската Република за соработка во одбраната, соопштија од владината прес-служба.

Целта на овој договор, според предлагачот, Министерството за одбрана е воспоставување рамка за одбранбена соработка помеѓу страните на договорот, во согласност со меѓународното право, националното право на страните потписнички, како и сите договори што страните ги имаат склучено.

– Со овој договор, се утврдува и развива одбранбена соработка на билатерално ниво и во рамките на Северноатлантскиот договор, што овозможува континуитет и интензивирање на соработката во рамките на партнерството со Португалската Република, како на билатерален план, така и во НАТО и ЕУ контекст. Блиската воена соработка се очекува да придонесе кон зајакнување на колективни и индивидуални способности, безбедноста и интегритетот на териториите на страните и меѓународниот мир и стабилност, појаснуваат од Владата.

Слични содржини