Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски

од Milan1
22 прегледи

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. По завршување на владините прцедури истиот ќе биде испратен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

Слични содржини