Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов

од Milan1
36 прегледи

На денешната владина седница поминала оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов која ја поднесе по пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени.

Папазов заедно со двајцата поранешни градоначалници на Кочани беше приведен и одреден му е притвор, додека останатите двајца поранешни градоначалници се во куќен притвор откако беа прифатени нивните жалби за одредената мерка притвор.

Откако одлуката ќе биде објавена во „Службен весник“, Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на Кочани.