Владата на денешната седница ќе донесе одлука за поддршка на овоштарите

од desk2

Владата на денешната седница ќе ја усвои одлуката за дополнителна поддршка на овоштарите со шест денари за килограм праски предадени во преработувачки капацитети меѓу 12 и 30 јуни, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница. Како што рече Заев, владината седница е закажана за 18 часот.

– Закажавме седница на Влада, ќе донесеме одлука за шест денари да им исплатиме на производителите на праска за да може четири денари да платат откупувачите, тоа се вкупно 10 и ќе го решиме комплетно проблемот што се појави поради мразот за што претходната влада ништо не направи. Директно ќе интервенираме со буџетски средства, истакна премиерот.

Согласно одлуката што беше најавена завчера од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, дополнителни шест денари би требало да добијат над 500 производители, односно ќе бидат откупени околу 400 тони праски кои едвај би достигнале пет денари по килограм.

Слични содржини