Владата на Хамас објави нов биланс на жртви во Газа – 20.258 загинати

од Radmila Tasevska
248 прегледи

Палестинската влада на движењето Хамас денеска соопшти дека во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври досега се убиени 20.258 лица.

Во таа бројка се вклучени 201 лице кои загинале во последните 24 часа, соопшти Министерството, додавајќи дека повеќе од 53.000 се повредени.

Како што претходно пренесоа светските медиуми, по нападот на Хамас на 7 октомври, Израел објави дека има две цели, да го уништи Хамас и да ослободи 129 заложници, кои се уште се во заробеништво на екстремистите во Газа.

Израелските лидери велат дека интензивниот воен притисок е единствениот начин да се ослободат повеќе заложници, но семејствата се загрижени дека бомбардирањето ги доведува во поголема опасност.

Слични содржини