Во Шведска, Владата денес предложи нов закон што и дава поголеми овластувања да се бори против пандемијата на коронавирусот.
Според новиот закон, владата ќе има одврзани раце да нарача и да спроведе рестриктивни мерки, како што се затворање на трговски центри и спортски сали.
Предлог-законот наведува дека владата ќе има поголема можност да ги следи и утврдува мерките за борба против пандемијата, како што се ограничување на бројот на собрани луѓе, одредување на работно време во продавници, но и целосно затворање како последно средство.
Имплементацијата на законот може да започне на 15 март и да биде на сила околу една година, се вели во соопштението на владејачката коалиција, пренесува Ројтерс.
Бројот на хоспитализирани и починати скокна во претходните два месеци.
Шведскиот закон и ’дозволува на владата малку простор да спроведе драконски мерки, како што е целосно затворање на економијата.